Федерер обезбеди четвртфинале на Австралија Опен

/

Бранителот на титулата на Австралија Опен, Роџер Федерер денеска се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн, откако го победи Мартон Фучович после три сета, 6:4, 7:6, 6:2.

Вториот по ранг светски тенисер победи за два саати и две минути игра, три пати му го одзема сервисот на противникот, кој немаше ниту една прилика за брејк.

Федерер во 10. гејм од првиот сет направи брејк, што му беше доволно да дојде во водство на натпреварот. Во вториот сет немаше брејк, беше одигра тај-брејк, кој швејцарецот го доби со 7-3.

Федерер без проблем го освои третиот сет и по 14. пат се пласираше во четвртфиналето на првиот Гренд слем турнир во сезоната.



Тој во четвртфиналето ќе игра против Томаш Бердиха, кој го победи италијанецот Фабио Фоњини со 6-1, 6-4, 6-4 и по седми пат се пласира во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Реал Мадрид НЕ го дава Ковачиќ

Следна статија

Денеска се очекуваат првите информации од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

Најново од Вести