Реал Мадрид НЕ го дава Ковачиќ

/

Реал Мадрид категорично потврди дека нема намера да се раздели со играчот за врска Матео Ковачиќ во зимскиот преоден рок.

Во последно време медиумите пишуваа дека многу клубови ширум Европа покажуваат интерес за Хрватот, меѓу кои Јувентус, Интер и Тотенхем. Сепак, „кралевите“ ќе кажат НЕ на сите понуди кои ќе пристигнат за Ковачиќ.

Ковачиќ пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ во 2015 година од Интер за сума од 35 милиони евра, но до сега се уште не се изборил за стартно место во тимот.



Оваа сезона има запишано 14 настапи во сите натпреварувања, на кои запиша само една асистенција.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Нимиц во наредните десетина дена ќе ги посети Атина и Скопје

Следна статија

Федерер обезбеди четвртфинале на Австралија Опен

Најново од Вести