Нимиц во наредните десетина дена ќе ги посети Атина и Скопје
Посредникот на Обединетите нации во спорот за името на Македонија, Матју Нимиц, има намера во следните десет дена да ги посети Атина и Скопје, за со нив да ги разгледа последните предлози за името на Р. Македонија , соопшти грчката телевизиа ЕРТ. Телевизијата забележува дека дипломатот е „оптимист и смета дека проблемот за името на Македонија може да се реши во следните шест месеци“.
По минатонеделните рунда преговори во Њујорк, медијаторот во спорот, изјави дека на преговарачите им дал нов предлог кој е всушност нова комбинација од неговите стари идеи и дека очекува тие со нивните Влади да го разгледаат, но одби да ја коментира содржината.
