ФЕДЕРЕР СЕ ОТКАЖА И ОД АВСТРАЛИЈА ПОРАДИ СЕМЕЈНИ ПРИЧИНИ

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер соопшти дека нема да игра на АТП-купот во јануари во Австралија, зашто сакал да помине повеќе време со неговото семејство.

На првиот АТП-куп, кој се игра од трети до 12 јануари во Австралија ќе учествуваат 24 екипи, но Федерер нема да биде еден од нив.

„Со големо жалење морам да соопштам дека се повлекувам од натпреварувањето. По разговорот со семејството и мојот тим за претстојната година, решив две недели да поминам подолго дома за да се посветам на семејството“, порача Федерер.

Извор: Спорт1