Филантропијата како генетика
Пишува: Владимир Перев
Слабо, многу слабо ја познаваме историјата на современа Бугарија. Онаа Бугарија од почетокот на 19-от век, па преку борбите за слобода, Освобождението, Соединението, па до денешни дни. Таа историја не сме ја учеле, не ја учела ниедна генерација на просечно образувани македонци, по 1920 година. Ако некои од нас нешто и знаат, тоа е само од незаборавените семејни преданија, или од контактите со роднините во Бугарија. Малку од нас знаат за хероите на борбата за слобода, за Раковски и за Васил Левски, за нивните херојски животи, болната смрт на Раковски и маченичка смрт на Васил Левски. Како би и знаеле за тоа, кога секое ново познание и сознание, ќе не доведе до создавањето на Тајното оштество на Раковски или формирањето на Внатрешната Револуционерна Организација на Васил Левски. Така и ќе се осознаат и поривите и целите на формирањето на ТМОРО, каде македонските револуционери се целосно инспирирани од борбата за слобода на поробеното братско бугарско население. Се работи за единствен народ, поделен по линијата слобода-ропство. Затоа и документите и актите на ТМОРО речи си, сѐ комплетно препишани и приспособени на новото време по 1893 година, од актите на Организација во Бугарија која постоела до 1878 година и довела до слободата на еден народ.
Големо изненадување во Македонија беше појавата на д-р Милен Врабевски, лекар, филантроп, мецена и поддржател на македонските клубови “Иван Михајлов“ од Битола и “Цар Борис Трети“ од Охрид. За него малку се знае низ македонските пространства-се знае дека е лекар кој работи на медицински истражувања, одличен музички продуцент, човек кој финансира обнова на бугарските воени гробишта од Првата светска војна и како енормно богат човек кој сака да “фрла пари“ на некаква загубена кауза. Уште поголема беше изненадата кога д-р Врабевски даде изјава дека ќе финансира отворање на уште дваесетина такви клубови низ Македонија, за, како што вели, “конечно да се отворат демократските процеси и да се разбере вистината за нас“. Никој овде не се потруди да разбере нешто повеќе.

Вистината е многу по комплексна, а настаните не носат подлабоко во историјата, некаде во средината на 19-от век, во Централна Бугарија. Д-р Врабевски не е случајна личност. Роден е во Варна, ама неговото семејство потекнува од селото Врабево, а преселено во Тетевен. Името на селото е презимето на семејството, презиме со богата и револуционерна традиција. Неговиот предедо Хаџи Стањо Станчев Врабевски од Тетевен е еден од првенците во Бугарија. Во своите спомени, Стојан Заимов го опишува како „На ръст хаджията е възкъсичък, но снажен, набитъчък с месо… На възраст той е около 45 – 50 години, тук–там с побелели коси. Името му е хаджи Станьо Станчев, член е в градския съвет; брои се за най-богатия не само в Тетевенско, но и в Троянско, и в Ловченско, и в Орханийско; има до десет хиляди лири. Турските и църковните власти гледат на него като на писано яйце. Каймакамите в Ловеч и Орхание му стават на крака, кога се яви в конака…Мюдюрите и полицейските чинове (заптиетата) по негов личен кеф се турят и вадят. Тетевенско (и помаци, и българи, мало и голямо) гледа на него с дълбоко уважение и почитание…“
Тоа би била кратката слика за еден богат и успешен човек, тргнал по патот на борбата за слобода. Личен пријател е со Васил Левски и учествува во револуционерни активности за финансирање на Организацијата. При една провала на Организацијата, во истрагата водена на 13/25 декември 1872 година, притиснат од иследниците, го признава делото, а на прашањето на иследникот „…Ами ти, бре, хаджи, защо…? Какво ти трябваше? Нали всичко си имаш?, одговара решително: …Свобода на България ми трябва, ефенди…“Осуден е на доживотен затвор во Дијарбекир, успева да побегне, стигнува до Одеса а од таму се враќа во Бугарија 1876 година за да учествува во Ослободувањето на Бугарија во 1878 година. Само една година по ослободувањето, умира во Тетевен 1879 година, како богат и слободен човек. Е па, сега некој нека каже дека генетиката нема врска со развојот и судбината на човекот.
Не е така само во Бугарија. Во Македонија имаме многу такви примери на револуционерност, богатство и самоодрекување.
Црквата “Св. Благовештение“ во Прилеп е изградена со напорите и парите на прилепските првенци, но најважна е ролјата на најбогатиот и најумниот од сите, Хаџи Ристе Логотет. Тој, со своето богатство, со пријателството со турските првенци и познавањето на повеќе јазици, а најмногу со познавањето на обичаите на османлиските освојувачи, престојува во Цариград неколку месеци и со пари, подароци и слични подкупи, успева да добие ферман за градба на црквата во 1838 година. Таа црква и училиштето во нејзина близина, се зародишот на револуционерната борба на градот, борба против фанариотството, борба за б’лгарштината и борба за слобода од турското ропство. Од таа црква произлегува и Тоде Кусев, подоцнежниот владика старозагорски Методи Кусев, руски воспитаник и жесток антируски свештеник, патриот, вистински и почитуван русофоб.
Егзархиската црква “Цв. Богородица“ (1870-71) година во Битола е творба на патриотите Константин Робев и Димитар Мишајков. Последниов си го дал целиот свој имот и накитот од сопругата за изградбата на црквата и редовно помагал како физички работник во градбата. Во дворот на црквата сеушете е бугарското егзархиско училиште “Св.Св. Кирил и Методиј“ а дел од битолчаните сакаат да ја очуваат традицијата на своите предци, па децата таму им посетуваат осмогодишно училиште.
Значи, во своето време, Хаџи Стањо Станков Врабевски не бил осамена фигура во нашата заедничка историја, па и ние овде, во Македонија, можеме да се пофалиме со слични револуционери и филантропи. Но, генетиката секаде не успеала, трагите се загубиле и останале завеани на некои други пространства и интереси на наследниците.
Денес, бугарската кауза во Македонија е оставена исклучиво на милоста на Председателот на Бугарија, Румен Радев, на дипломатите од Министерството за надворешни работи и на неколку силни личности во засенчените пространства на политиката и власта. Треба да се признае дека бугарските медии, во најголем дел, коректно и предано ја завршија својата работа. Така, конечно се разбра дека македонските бугари (оние малубројните, но непомирливите, оние кои опстанаа и по теророт на србоманството и комунизмот) се неопходни на Бугарија, за вистинската и непореклива одбрана на нејзиното минато и историја. Таа одбрана е нужна заради агресивниот и безпардонен македонизам. Ние, македонските бугари сме амалгамот, врзното ткиво на непрекинатите историски теченија, ние сме пројавената генетска врска на народот од “Црно море до Охрид“!
Не сакам да верувам дека остануваме само на делото на д-р Милен Врабевски, не сакам да верувам дека кај нас другите, се прекинати генетските врски за добродетелта и филантропијата.
На бугарската кауза во Македонија потребни ѝ се нови хаџиристевци, нови робевци и мишајкови…дел од старите македонски родови изумреа или се измелезија, па отстапија од националната егзархиска/бугарска кауза.
Треба да се ослободиме од илузиите и завидливоста, ама д-р Врабевски не е најбогатиот човек во Бугарија. Тој е само единствениот кој со свои средства го помага стогодишното запоставено дело на македонските бугари. Во меѓувреме, денес има нови играчи на сцената, богаташи и милијардери, заковани во прангите на своите антибугарски ментори. Залудо се чека помош од оние кои прават капитали во Македонија како УНИ банка, ЦКБ банка, Лукоил, и другите финансови мастодонти, вистински крокодили со ментален склоп на гуштер…овде веќе никој нема илузии за нивниот патриотски капацитет. Потомците на донаторите и филантропите се претворија во грабители на сопствениот народ. Ние остануваме во потрага по генетиката?!
На крајот, да се навратам на еден непоновлив куриозитет, поврзан со ликот на мојот омилен Хаџи Стањо Станчев Врабевски. Низ архивните материјали може да се види дека “дедо Стањо Врабевски, по Ослободувањето (1878 год) ѝ ги врати на бугарската држава лирите од Тетевенскиот револуционерен комитет, останали скриени кај него уште од пред заточението во Дијарбекир“! Ги вратил до последниот грош!
Е па, нека ни е Честита Новата 2023 година, среќа и здравје за сите нас и мир на коските на починатите добродетели! Спомените за нив, нека ги разбудат нашите заспани, самодоволни и егоистични души!

Во неколку продолженија порталот Трибуна ќе ја објави книгата на проф. д-р Пламен Митев и проф. д-р Пламен Павлов „Хаџи Стањо Врабевски и Тетевенскиот револуционерен округ“, која го следи животниот пат на еден од најблиските соработници на Апостолот на слободата Васил Левски- хаџи Стањо Врабевски од Тетевен, Бугарија.

