(Видео) Проф. д-р Оливер Андонов во „Доверливо“ со Насер Селмани: Скандалот со марихуаната е државен шверц
Во интервју за Јутуб-каналот „Доверливо“ со Насер Селмани, професорот Оливер Андонов оценува дека поради недемократско водење и слаби резултати, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да се избира директно од членството. Тој предвидува пад на Владата на Мицкоски поради влошениот стандард на граѓаните и бара референдум за внесување на Бугарите во Уставот, со цел деблокада на евроинтеграциите. Андонов се осврнува и на односите на македонските политичари со српскиот претседател Александар Вучиќ.

