ФИЛИПЧЕ: НАШИТЕ НАЈМАЛИ ЈА ЗАСЛУЖУВААТ НАЈДОБРАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И НЕГА

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил порача дека најмалите ја заслужуваат најдобрата здравствена заштита и нега.

loading...

„Денеска, амбасадата на Израел донираше апарати за критичните новороденчиња на детската клиника, како дел од соработката со Проект Хоуп. Донацијата се состои од инфузиони пумпи за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња“, пишува Филипче.



loading...

Тој упати и благодарност на амбасадорот Ден Ориан за вложувањето овие години во јавното здравство и истакна дека соработка продолжува и понатаму.