| |

ФИЛИПЧЕ: НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ, ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Е ПОДГОТВЕН ДА СЕ СООЧИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче ги повика патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје.

Министерот додаде дека има сосема доволна количина на потребен материјал, појаснувајќи дека медицинските установи располагаат со околу 40 илјади маски и 10-тина илјади мантили и скафандери, а по потреба ќе се изврши набавка на дополнителен број материјали.



Слични Објави