ФИЛИПЧЕ: ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 24 ЧАСОТ И УКИНУВАЊЕ НА ЗАБРАНАТА ЗА ТЕРЕТАНИТЕ СЕ ДЕЛ ОД НОВИТЕ МЕРКИ

/

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил.

– Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

  1. Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 5 часот наутро.
  2. Угостителските објекти да работат до 23.30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
  3. Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
  4. Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
  5. Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори, стои во неговата објава.

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица.



Предлог-мерките се очекува да бидат усвоени на утрешната владина седница.

Претходна статија

КИПАР ГО УКИНУВА СТРОГИОТ КАРАНТИН, ВОВЕДУВА КОРОНАПАС

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА: ФИЛИПЧЕ НЕ САКА НИТУ ВАКЦИНИ, НИТУ НОВ КЛИНИЧКИ, САКА САМО ПРОВИЗИИ!

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување