ФИЛИПОВСКА-ГРАШКОСКА: СПРОВЕДЕНИ 7.633 НАДЗОРИ, НАД ШЕЕСЕТИНА ТРГОВЦИ ЈА НАМАЛИЈА ЗГОЛЕМЕНАТА ЦЕНА НА ЛИМОНИТЕ
Во периодот од 23-27 март годинава шест Инспекторати спроведоа вкупно 7.633 надзори во различни сектори низ цела држава со цел да се гарантира почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од КОВИД-19.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори.
„Во периодот од овие четири дена инспекторите од Државниот пазарен инспекторат засилено работеа на терен и извршија вкупно 5.155 надзори. При тоа се затворени вкупно 22 угостителски објект во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово. Државниот пазарен инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 23-27 март овој инспекторат во соработка со инспектори од Управата за јавни приходи направија вкупно 928 надзори на цените. Во периодот од овие 4 дена кај над шеесетина трговци е утврдено покачување претежно на цената на лимоните и истите по укажувањето ги вратија старите цени од 11 март. Истовремено по излегување на терен од страна на инспекторите е констатирано и дека има голем број неосновани пријави за зголемени цени на лимони кај одредени трговци. Со оглед на тоа дека располагаме со ограничен број на инспектори замолуваме пријавувањето да се прави само кога навистина има реални непочитувања на владините мерки”, рече Филиповска-Грашкоска.
Претседателката на Инспекцискиот Совет истакна дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 23-27 март реализираше вкупно 748 контроли при што се донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од овие 4 дена изврши вкупно 246 надзори.
„Во овој период од издадени се вкупно 2.774 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Република Северна Македонија. Овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебниот протоколарен режим при патувањето и при влезот во земјата донесен од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за заштита од КОВИД 19″, рече Филиповска-Грашкоска.
Претседателката на Инспекцискиот совет рече дека Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 23-27 март спроведе вкупно 367 надзори.
„Изречени се 19 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна од овластени институции. Работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка при што вработените се веднаш отстранети од објектот како и не водење на записи за добра хигиенска пракса(ДХП). Исто така издадени се 4 решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и е состојба и е наредено веднаш спроведување на дезинфекција, дератизација и дезинсекција”, рече Филиповска-Грашкоска.
Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 23-27 март направи вкупно 183 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 90%. Забележан е случај на прекршување на препораките на Владата за намалување на капацитетот на превоз за 50%. Поточно еден авто-превозник не ги почитуваше препораките за преполување на бројот на патници при превоз, и преземени се соодветни мерки. Меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини.
„МАЛМЕД во периодот од 19-22 март изврши вкупно 36 надзори. Нема специфични отстапувања, секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките. Цените се согласно препораките и одлуките на Владата. Инспекторите ја следат состојбата секојдневно. МАЛМЕД ги поканува граѓаните и сами да пријават неправилности доколку наидат на невообичаени практики”, рече Филиповска-Грашкоска.
Инспекциските служби продолжуваат интензивно со сите свои капацитети да работат на терен.
„Уште еднаш порачуваме дека секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран, без исклучок. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикувам на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас”, апелираше Филиповска-Грашкоска.
„Државниот пазарен инспекторат има извршено вкупно 9.658 надзори во периодот од овие 4 дена и продолжува со истата динамика на контролирање. При тоа се затворени вкупни 21 угостителски објект во Скопје, Куманово, Битола, Кочани, Гостивар и Струга. Овој инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 19-22 март Државниот пазарен инспекторат направил вкупно 869 надзори на цените на производите . При тоа кај одредени трговци од малопродажба е констатирано промени на цени, но веднаш се задолжени да постапат по одлуката и истите ги вратиле старите цени од 11 март”, рече Филиповска-Грашкоска.
Филиповска-Грашкосока истакна дека во периодот од 19-22 март Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вкупно 111 надзори. Во овој период од 4 дена издадени се вкупно 5.130 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Република Северна Македонија.
„Овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебниот протоколарен режим при патувањето и при влезот во земјата донесен од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за заштита од КОВИД 19″, рече Филиповска-Грашкосока.
Претседателката на инспекцискиот совет посочи дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 19-22 март спровел вкупно 463 контроли при што се донесени 11 решенија и 20 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат од вчера ги интензивираше посетите на производствените погони коишто добија препораки за заштита на вработените од КОВИД-19.
„Со цел навремено да се вршат контролите и да се проверат што е можно поголем број на субјекти, Управата за јавни приходи ги стави на располагање сопствените капацитети и ресурси на Државниот пазарен инспекторат”, рече Филиповска-Грашкосока.
Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 19-22 март спроведе 189 надзори. При тоа во два објекти констатирана е работа на лица без санитарни прегледи, неправилно означување и неводење записи. Во три објекти констатирани се неправилности во однос на општата хигиенска состојба во објектите, а во 8 месарници констатирани се неправилно декларирање на месото, несоодветен термички режим на чување на месото.
Државниот инспекторат за транспорт којшто истото така ги има зајакнато контролите на терен, констатира дека нема промена кај меѓуопштинскиот сообраќај, односно истиот се одвива со намален интензитет од 68-80% , а меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин.
МАЛМЕД (Агенцијата за лекови) во периодот од 19-22 март изврши вкупно 9 надзори. Од овие надзори би ги издвоила следењето на доставата на подлоги за брис од Институт за јавно здравје Скопје до инфектологот во ЈЗУ Општа болница Дебар и доставата на лекови во овие две општини.
„Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Порачувам дека секој, без исклучок кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикувам на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас”, рече Филиповска-Грашкосока.
На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова, на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Висаре Риза, на Државниот инспекторат за труд, Аљадин Хавзиу, на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини и на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.
Со цел да се гарантира целосно почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот инспекторите продолжуваат со интензивни надзори на терен.