Финската влада сфати дека бесплатен ручек нема

/

Властите во Финска одлучија да ја прекинат експерименталната програма за исплата на безусловен основен доход според која 2 илјади Финци добиваа по 560 евра месечно. 
Засега не се познати ниту причините за укинување на програмата ниту резултатите од самиот експеримент. Во 2015 година невработеноста во Финска стигна 10%, што беше невидена бројка од 17 години и токму тогаш се појави идејата за оваа пилот програма. Но, во декември минатата година, земјата усвои закон според кој невработените лица мора да работат најмалку 18 часа на секои 3 месеци за да добијат социјални помошти. Пред 2 години во Швајцарија, гласачите масовно го отфрлија предлогот за воведување гарантиран основен доход за сите. Речиси 77% се спротивставија на предлогот и само 23% го поддржаа. Предлогот гласеше месечен загарантиран доход од 2.500 швајцарски франци за возрасни лица и 625 швајцарски франци за секое дете.





Претходна статија

Нова рунда преговори за името: Денеска средба на Димитров и Коѕијас со Нимиц во Виена

Следна статија

СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ партијата којашто ги направи долговите и владееше криминално, да зборува за долг

Најново од Вести