| |

Фондацијата „Бугарска памет“ на д-р Милен Врабевски донираше терапевтска опрема на здружението „Хармоничен свет“ од Битола

Фондацијата „Бугарска памет“ донираше терапевтска опрема на здружението „Хармоничен свет“ од Битола, Република Северна Македонија. Здружението работи со деца со посебни образовни потреби од Битола и регионот.

„Благодарение на финансиската поддршка на д-р Милен Врабевски, децата ќе имаат рехабилитација со нова опрема која ќе помогне да се подобри нивната состојба.
На сите деца, родители и специјалисти од здружението „Хармоничен свет“ им посакуваме успех и високи резултати во работата“, велат од „Бугарска памет“.

„Полека но сигурно со поддршка од страна на Фондација Бугарска Памет на Др. Милен Врабевски децата од „Хармоничен свет“ ќе имаат рехабилитација со нова апаратура“, велат од „Хармоничен свет“. Од таму изразуваат благодарност до претставникот на организацијата Живко Костуров, кој имал клучна улога во остварувањето на донацијата.



Слични Објави