Фондацијата на Кристијан Талев – Криско со проект за Центар за интеграција на деца со специјални образовни потреби
Фондацијата на познатиот бугарски пејач Кристијан Талев – Криско работи на создавање Центар за интеграција на деца со специјални образовни потреби, јавува бугарската телевизија НОВА.
„За 2026 година нашиот план е следниот: треба да се заврши целата бирократска постапка околу парцелата, бидејќи во моментов таа не е прилагодена за градење. Додека се добие дозвола за градба, обично поминуваат 9–10 месеци. Се надевам дека општинската администрација на градот Софија и државата ќе помогнат работите да се средат побрзо. Во меѓувреме ќе се изработи проект за тоа што ќе има внатре и како ќе изгледа. Собираме средства, бидејќи ми е важно, кога ќе започне градбата, таа да не запира“, објасни пејачот во студиото на емисијата „На фокус“.
Голем дел од центарот ќе функционира како јавен простор, во кој семејствата ќе можат да ги прославуваат своите родендени, а ќе има и дел за забава и рекреација.
„Практично, преку бизнис-моделот, центарот ќе може да биде независен и бесплатен за децата и младите со специјални образовни потреби. Лицата со специјални потреби најмногу се развиваат преку спорт, уметност и игра. Затоа токму тоа им е неопходно“, додаде Криско.
