ФОНДОТ ЌЕ ГИ ПОВИКА СИТЕ ФИРМИ ДА ПОКАЖАТ ДАЛИ ИМААТ ЛИЦА ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО НИВНИТЕ РАКОВОДНИ СТРУКТУРИ

//

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски изјави дека јавниот повик за компаниите бил транспарентен и траел 40 дена. Одлуките за тоа кои компании да добијат грантови не биле донесени од ниту еден владин функционер или од него како директор. Деспотовски информира дека на јавниот повик конкурирале 235 компании, согласно одлука на комитетот 160 компании добиле грантови. Вкупно 190 од 235 ќе добијат финансиска поддршка, изјави Деспотовски. Директорот информираше дека во првиот инвестициски бран добиле грант 70 компаниии што предвидуваат инвестиции во домашниот сектор.  Деспотовски подвлече дека ниту еден денар буџетски пари не е исплатен на компаниите бидејќи договорите се уште не се потпишани. Деспотовски изјави дека ќе ги повика сите компании што добиле грантови да покажат во првите 15 дена дали кај нив има лице што е на раководна државна или владина функција. Сите проекти ќе бидат повторно разгледани за да се провери дали во копманијата има конфликт на интереси.



Претходна статија

ВО ЖИВО: ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ НА ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ, ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ

Следна статија

НАЈДИСИ НЕКОЈ КОЈ ЌЕ ТЕ ПРАШУВА КАКО СИ ЧЕДО МОЕ!

Најново од Вести