НАЈДИСИ НЕКОЈ КОЈ ЌЕ ТЕ ПРАШУВА КАКО СИ ЧЕДО МОЕ!

//

Животот може да ти донесе такви пресврти, дете, што дури не можеш ни да си замислиш. Не знаеш што ќе ти донесе утрото. Денес ќе запознаеш некои луѓе, утре ќе се разминете и нема да знаеш зошто. Никој нема да ти каже зошто. Човек се има само себеси. Ни маж, ни деца. И мажот по неговиот пат и децата со нивниот. Се имаш сам себе. Важно е да имаш што да ставиш на масата, со кој да си ги кажеш желбите, фантазиите и да патуваш. Спомени од пиење немам, ама за тие од патувањата можам да ти раскажувам со часови. Не се обидувај да ја промениш ситуацијата. Со удирање на главата во sид ништо убаво не излегло, чедо. Само си го губиш времето со удирање на главата во sидот. Тоа што ти можеш да го направиш , никој друг не може. Ако некој не го цени твоето присуството – сврти се и замини си, без да се замислиш. Ако најдеш светлина, не ја пуштај. Не ја пуштај, додека свети во тебе и за тебе. Ако некој гори со твојот пламен, распали го. Најди си некој да те прашува како си , така што ќе прави да си добро. Најди си некој за кој ќе се грижиш, затоа што жената е создадена да се грижи за мажот, инаку и се губи светлината и се гаси целата. Жената треба да оди до мажот, а мажот до жената. Не треба да дозволат да се каже лош збор за другиот. Треба да внимаваат еден на друг. Давајте си слобода, секој да оди по својот пат без да му пречи на другиот, но да му биде рамо и поддршка. И живеј чедо.  Пуст живот , додека ги размрдаш очите, си го пропуштил низ прстите, а ние забораваме да го живееме и го поминуваме како страдалци. Ми се допаѓа да те гледам така насмеана. Кога те видов така последен пат пред две години беше намрштена, тажна, лута на цел свет, а сега… немам зборови што можат да го опишат тоа што го гледам во очите твои. Поради таа причина ти го зборувам ова, за да не дозволиш тој пламен да се изгаси и да си отиде. Ти си дете на сонцето. Создадена да го осветлуваш патот на луѓето, потребна си им. Ќе се најде некој, не се брзај. Животот си ја знае работата…. Затоа што е навистина прекрасен. Многу повеќе од прекрасен. Таман си мислиш дека работите се побркале, животот веќе ги наредил коцките. Тоа што е твое ќе си дојде, што не е ќе си замине. Живеј!

Автор: Орлеанка



Претходна статија

ФОНДОТ ЌЕ ГИ ПОВИКА СИТЕ ФИРМИ ДА ПОКАЖАТ ДАЛИ ИМААТ ЛИЦА ВЛАДИНИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО НИВНИТЕ РАКОВОДНИ СТРУКТУРИ

Следна статија

ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБРА ИДНИНА И ПРОСПЕРИТЕТ

Најново од Истакнато