| |

Форум за зачувување на бугарската историска меморија се одржа во Даблин

Форумот „Историја без граници. Зачувување на бугарската меморија во странство“ се одржа на 21 и 22 март во Даблин, Ирска, со учество на претставници од 15 бугарски училишта од повеќе држави, соопшти Амбасадата на Бугарија во Ирска, пренесува БТА.

Настанот беше организиран од Бугарското неделно училиште „Азбука“ во Даблин со поддршка од Министерството за образование и наука на Бугарија и во партнерство со Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“.

„Работните сесии обезбедија платформа за размена на идеи, искуства и добри практики меѓу бугарските образовни заедници во странство“, информираа од Амбасадата.

Извршната директорка на Извршната агенција за Бугарите во странство, Рајна Манџукова, ја истакна важноста на националниот идентитет и историската меморија кај дијаспората.

На вториот ден, домаќин беше Амбасадата на Бугарија во Ирска, каде амбасадорката Вања Андреева сподели искуства од Ирска поврзани со зачувување на историската меморија.

„Дискусиите беа интензивни, конструктивни и насочени кон иднината на бугарското образование во странство“, се наведува во соопштението.

Форумот заврши со културна програма на ученици од бугарски училишта во Даблин и Арма, Северна Ирска.



Слични Објави