На 5 март 1943 г. легендарниот охридски музичар Климент Садилов од познатата охридска фамилија Садиловци испраќа молба до регионалниот директор во Битола да му биде одобрена народна пензија од страна на Царство Бугарија во согласност со Законот за давање народни пензии на посебно заслужените дејци во ослободителните борби што бил важечки во овој период во Царство Бугарија.
ДО ГОСПОДИНОТ
РЕГИОНАЛЕН ДИРЕКТОР
гр. БИТОЛА
Од Климент Григоров Садилов,
жител на гр. Охрид,
ул. Александар Македонски №7
Господин Директоре,
Во 1906 год. бев уапсен од турците и осуден на една година строг темен затвор заедно со покојниот ми татко затоа што пеевме бугарски патриотски и бунтовни песни, со кои што го разгорувавме бунтовничкиот дух помеѓу младината и поради тоа мојот татко заболи и умре.
Во српскиот режим со моите песни исто така сум го разнесувал бугарскиот дух насекаде и сум допринесол за зачувувањето на бугарскиот дух во Македонија, поради кое што често сум бил тормозен и казнуван од србите.
Согласно чл. 1 буква б. од законот за давање народни пензии на посебно заслужените во ослободителните борби дејци, објавен во Д. В. број 24 од 3.II-т. г., молам петицијата Ви, Господин Директоре, пред Директорот на располагање при Министерството за Внатрешни Работи и Народно Здравје во комисијата за народните пензии /чл. 9/ да ми се признае народната пензија.
Приложувам:
1/ Сертификат № 1175 од 5. III. 1943 г. издаден од Охридската општина
2/ Сертификат № 1177 од 5. III. 1943 год. издаден од Охридската општина и
3/ Животописна белешка заверена од Охридската општина со № 1178 од 5. III. 1943 год.
Уверен, дека молбата ќе ми биде задоволена останувам.
гр. Охрид,
5. III. 1943 год.
Со почит: Кл. Гл. Садилов (своерачен потпис).

№ 1170
Климент Григоров Садилов (62 г.)
род. во Охрид
05.03.1943 г
Заслуги: како легален член на ВМРО го поддржувал народниот дух преку бугарски народни песни, за коишто бил суден; лежел 1 година во затвор.
Семејство: сопруга Славка, р. 1890 г., ќерка Маргарита, р. 1918 г., ќерка Милка, р. 1933 г.
Животописна белешка: “Како професионален свирач на цигулка (виолина) уште во турскиот режим сум пеел бугарски национални и бунтовнички песни, со кои што се насадувал и разгорувал бунтовничкиот дух во младината – да грабне оружје против тиранинот. По таа причина и поради такви песни во 1906 г. јас, заедно со татко ми – покојниот Григор Садилов, заедно со уште една група фанатизирани бугари бевме уапсени, одведени и осудени во Битола на 1 г. строг темен затвор, поради тоа татко ми заболи и почина. Во српскиот режим, кога беше забрането да се зборува бугарски, јас ризикувајќи си го животот сум пеел чисто бугарски патриотски и бунтовнички песни, поради кои често сум бил тормозен и казнуван од србите. По тој начин сум го поддржал духот на бугарштината во Охрид, Струга, Ресен, поради кое почитуваното Министерство за јавно образование ме награди два пати со 3000 лв.
Пензијата е одобрена и дадена од Министерскиот совет.
388К, оп. 4, а. e. 1170.
Извор: Библиотека Струмски