(Фото) Навивачите на Ботев и Локомотив од Пловдив ги испочитуваа војводата Апостол Петков и годишнината од Илинден 1903 г.
Навивачите на двете фудбалски екипи од Пловдив -Ботев и Локомотив, ја изразија својата почит кон војводата Апостол Петков-Ениџевардарското сонце и 121-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание.

Фотографијата на војводата на ВМОРО Апостол Петков се најде на видно место на трибината на познатите „Бултраси“- навивачите на Ботев Пловдив, за време на мечот на таа екипа со грчкиот Панатинајкос. Мечот се одигра на стадионот во Пловдив на 1 август (четврток) во рамките на вториот квалификациски круг на Лига Европа.

Навивачите на Локомотив Пловдив истакнаа транспаренти во чест на 121-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание на 2 август 1903 г. „Македонија-земја бунтовна, бугарска земја синовна! Помни го Илинден 1903 г.“ порачаа навивачите на црно-белите од Пловдив, за време на фудбалскиот натпревар со екипата на „Левски“ Софија од бугарското фудбалско првенство.
Голем поздрав до навивачите на двете фудбалски екипи од убавиот Пловдив.
