(Фото) Осквернавено спомен обележјето „Мадарски коњаник“ на Република Бугарија во Паркот на франкофонијата во Скопје

//

Спомен обележјето ,,Мадарски коњаник” што се наоѓа во паркот на Франкофонијата во Скопје во Градскиот парк е осквернавено со нацртан нацистички симбол- кукаст крст.

Спомен обележјето е донација од страна на амбасадата на Република Бугарија во Скопје и здружението ,,Плиска”.

Ова не е прв случај на сквернавење на ова спомен обележје на Бугарија во Градскиот парк на Скопје.



Сторителите на ова дело се непознати.

Во Паркот на франкофонијата се наоѓаат уметнички дела на автори од земјите кои влегуваат во т.нар франкофонска заедница, дел од која е и Бугарија

Претходна статија

Целосно исплатени субвенциите за тутун, објави Министерството за земјоделство

Следна статија

(Видео) Ковачевски: Францускиот предлог во ваква форма е неприфатлив

Најново од Вести