ФРАНЦИЈА БАРА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЗО И ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА ФИНАНСИРАЊЕ

/

Франција започна размислувања на оваа тема, околу двата главни приоритети: неопходно е да се зајакне СЗО преку спроведување на одреден број на реформи и во однос на нејзината нормативна улога, пренесува Плусинфо.

Она што го открива кризата со коронавирусот е пред сè стекнатата и влошена форма на природата на меѓународните предизвици од 21 век. Може да се најде спас само доколку знаеме да ги обединиме напорите за да заеднички се избориме против вирусот. Никој од нас нема да може да се смета себеси за заштитен сè додека пандемијата не биде ставена под контрола. Здравјето на секого зависи од здравјето на сите. Затоа оваа криза нè потсетува на трите неопходни работи кои секогаш треба да нè водат во насока на денешните глобални предизвици :неопходноста од координација, соработка и солидарност.

Ова го истакнува Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и за надворешни работи на Франција, во обраќањето преку видео-конференциска врска пред амбасадорите акредитирани во Франција, најавувајќи го одржувањето на третото издание на Парискиот мировен форум во ноември годинава.

– Ова е причината поради која, меѓународната заедница денес мора да се обедини околу Обединетите Нации и СЗО. Кризата не е зад нас – далеку сме од тоа ! – и не смееме да си го дозволиме тој луксуз на слабеење на единствениот универзален инструмент кој треба да го употребиме за да се справиме со кризата. Тоа е прашање на конзистентност и прагматизам. Јас велам „прагматизам“ затоа што, ако Франција промовира мултилатерализам, тоа не е по идеологија. Туку затоа што тоа е метод кој ја докажал својата ефикасност и кој повеќе од кога и да е, е единствениот релевантен за зачувување на светските јавни добра како што се здравјето и климата, биодиверзитетот, образованието или безбедноста на храната – вели Ле Дриан.



Меѓутоа, додава тој, кога ќе дојде време, ќе треба да се запрашаме за она што всушност не профункционира доволно добро и треба да се подобри, да ги научиме сите лекции од тоа низ што минуваме сега, за да се подготвиме за следните здравствени кризи. Франција започна размислувања на оваа тема, околу двата главни приоритети: неопходно е да се зајакне СЗО преку спроведување на одреден број на реформи и во однос на нејзината нормативна улога.

– Меѓународните здравствени регулативи, за кои СЗО е гарант, претставуваат меѓународен правен инструмент кој е правно обврзувачки за 196 земји од целиот свет. Неговата цел е да и помогне на меѓународната заедница во спречувањето сериозни ризици по јавното здравје, а нејзината задача е да даде одговори на овие закани. Затоа е суштински инструмент. Затоа мора истиот целосно да се спроведе од државите. Сепак, денес немаме механизми за верификација во врска со овие меѓународни здравствени регулативи. Затоа треба да размислиме за тоа. Ваквите механизми може да имаат повеќе форми: механизми за ревизија, објавување препораки, инспекции – посочува францускиот министер за Европа и за надворешни работи .

Целиот текст прочитајте го тука.

Претходна статија

ОБЕЗБЕДЕНИ 1.860 ПАКЕТИ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ ПРОДУКТИ ЗА ЕДНОРОДИТЕЛСКИ СЕМЕЈСТВА ОД РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Следна статија

НЕ ГО СПОРИМЕ ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ, МАКЕДОНИЈА ДА НЕ ГО ОСПОРУВА ДОГОВОРОТ

Најново од Вести