|

„Функционерите не се граѓани од посебен ред“ – ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали коефициентот на платите

Шестотини илјади граѓани живеат со 150 денари на ден. Во услови на економска криза, енормна инфлација и сиромаштија, последна работа што треба да се направи е да се зголемат платите на функционерите, изјави на прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите на функционерите.

„Функционерите не смеат да бидат граѓани од посебен ред, туку слуги на народот“, рече Митева.

Слични Објави