Г’рдев: Немаме потреба од посредници во односите со РСМ!
Бугарија нема потреба од посредници во односите со Република Северна Македонија, изјави Димитар Г’рдев, претседател на Комисијата за европски прашања во бугарското Народно собрание. Според него, нема отворени билатерални прашања, затоа што веќе постои заеднички европски консензус, кој е одобрен од Европскиот совет и потпишан од самата РСМ.
„И Антонио Кошта и Марта Кос се претставници на Европската унија. Тие не се неутрални, туку дел од европската страна во дијалогот. Нивната задача е да го спроведуваат усвоеното од Европскиот совет, а не да прават обиди за издвојување или преиначување на неговите одлуки“, истакна Г’рдев во интервjу за БНР.
Тој додаде дека обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го заобиколат усвоеното од Европскиот совет и да се избегнат преземените обврски за продолжување на европскиот пат се неприфатливи.
„Таквите постапки значат девалвирање на заедничката структура на Европската унија“, предупреди Г’рдев.
Во однос на шпекулациите дека Брисел може да ја принуди Бугарија да се откаже од т.н. „француски предлог“, Г’рдев беше категоричен:
„Тоа е одлука на целиот Европски совет. Може да се промени само доколку се поништи и отпочне нов процес на преговори за пристапување, со ново гласање во Советот. Предлозите на Марта Кос за гласање со квалификувано мнозинство, без согласност од сите земји-членки, се апсурдни!“

