|

Јапонскиот премиер Кишида го разреши синот од функцијата негов помошник поради контроверзни фотографии

Синот на јапонскиот премиер Фуми Кишида ќе поднесе оставка од функцијата помошник откога се појавија фотографии од него и други роднини, кои се преправаат дека одржуваат прес-конференција во зградата на државната управа на резиденцијата и предизвикаа гнев во јавноста.

Кишида рече дека Шотаро Кишида ќе се повлече од функцијата поради несоодветното однесување во официјалната резиденција.

Минатата недела јапонските медиуми објавија фотографии на Шотаро Кишида и други роднини како се преправаат дека одржуваат конференција од говорницата на која вообичаено стои премиерот, пренесува „Ројтерс“.

„Неговото однесување на јавен простор беше непримерно за некој на службената позиција помошник. Решив дека е моја одговорност да го заменам“, рече Кишида.

Сеиџи Осака, пратеник од најголемата јапонска опозициска партија, оцени дека промената доаѓа предоцна.

Слични Објави