(Галерија) Во Софија се одржаа панихида и научна конференција посветена на репресиите врз ВМРО по 9 семптември 1944 година
Со панихида за паднатите за ослободувањето на Македонија и со научна конференција во Македонскиот дом во Софија на 1 јуни беше одбележан Свети Дух- Денот на Македонија и беше одбележана 80-та годишнина од погромот врз ВМРО по 9 септември 1944 г. од страна на комунистичката власт во Бугарија.
Програмата започна во 10.30 часот со панихида за паднатите за ослободувањето на Македонија во храмот „Св. Недела“ во Софија. Во 11.30 часот во изложбената сала на Македонскиот дом на ул. „Пиротска“ бр. 5, кат II, беше отворена конференцијата со поздравно обраќање на претседателот на Македонскиот научен институт, доц. д-р Милен Михов.
Првата сесија, со модератор доц. д-р Наум Кајчев, започна во 11.45 часот. Проф. д-р Мартин Иванов од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и доц. д-р Живко Лефтеров од Институтот за историски истражувања при БАН го претставија трудот „Народниот суд во Горноджумајската област (1944 – 1945)“.
Доц. д-р Ангел Џонев од Институтот за историски истражувања при БАН и Пловдивскиот универзитет „Паисиј Хилендарски“ говореше на тема „Последните години од животот на Владимир Куртев“. Михаил Развигоров од Софија одржа излагање на тема „80 години од јунската казнена акција на ДС против ВМРО. Почеток на југословенското македонистичко настапување во Бугарија во периодот 1946 – 1948 г.“ Доц. д-р Наум Кајчев од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ говореше за „Процесите против дејци на ВМРО (1946 – 1951)“.
Отец Борис Дрангов (син на Кирил Дрангов (1901-1946) и внук на полковник Борис Дрангов (1872-1917)) од Торонто говореше за судбината на својот татко Кирил Дрангов, по што следеа излагањата на Аглика Маркова од Софија на тема „За татко ми Јосиф Марков“ и на Дафне Бочварова од Софија на тема „За Коста и Лилија Ризови“. Марија Цакова од Банско ќе го претстави трудот „Последниот ешалон: Дело бр. 192 од 1950 г.“.
Втората сесија на настанот беше со модератор доц. д-р Милен Михов.
Д-р Чавдар Ангелов од Националниот парк-музеј „Шипка – Бузлуџа“ говори на тема „Ген. Иван В’лков и ВМРО во периодот 1944 – 1948 г.“. Николај Којчев од Државниот архив – Варна го претстави трудот „Македонското организирано движење во Варна во првите години по 9 септември 1944 г.“.
Д-р Георги Дракалиев од Бургаскиот државен универзитет „Проф. д-р Асен Златаров“ говори за „Совладувањето и преобразувањето на македонските друштва во Бургас по 9 септември 1944 г.“. Проф. д-р Светлозар Елд’ров од Софија го претстави излагањето „Бугарските унијати и Македонската католичка лига во пресвртите на времето“. Доц. д-р Милен Михов од Македонскиот научен институт говори на тема „Историја и репресии во Вардарска Македонија врз основа на документи од ЦК на КПМ (1946 – 1947)“.
Д-р Александар Јошевски од Институтот за историски истражувања при БАН го претстави трудот „Архивите на УДБА зборуваат: Трагичната судбина на таткото и синот Кареви и д-р Асен Татарчев“.
Конференцијата беше затворена од страна на доц. д-р Милен Михов.











