|

Галичани се жалат до институциите дека мечки им влегуваат во селото, бараат надлежните да дејствуваат

Расте бројот на мечки во Галичник, а животните влегуваат во селото.

Месната заедица Галичник објави дека во повеќе наврати во изминатите години официјално се обратиле до Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на проблемот.

Од тука велат дека дописи до институциите биле доставени и во изминатите години, со истите апели – надлежните да дејствуваат.

Според нив, се работи за чиста среќа што досега нема повреда на населението, но ризикот не е исклучен, па затоа неопходно е да се преземе нешто.

„Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинетите диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, велат од Месната заедница Галичниик.



Слични Објави