| |

ГДУ-КУМАНОВО: NUMERO UNO ЗАГАДЕН ГРАД

„Стручњаци, експерти, сезнајковци-ИМАМЕ ПРОБЛЕМ. ВОЗДУХОТ ни е енормно загаден. Дишеме на жабри, носиме маски како Кинези во Пекинг. Магла од прав и нечистотија. Белите дробови ни вриштат за планина и чист воздух.
Има ли јунак што ќе излезе пред кумановчани и ќе каже-Сѐ е ова поради греењето на дрва во грејна сезона и дека проблемот ќе се реши со субвенции на инвертер клими? Дека сообраќајот ни е многу интензивен, па отровните гасови од автомобилите се проблемот што треба да се решава? Или пак имаме јака индустрија, па во full mode не труе? Или, или, или?

Другари да не се лажеме. Нити сте вие стручњаци, ниту пак сме ние тревопасни, па со овие изговори да барате пари за јавни кампањи и покренување на јавна свест дека виновни сме НИЕ! Вашата неспособност да го решите загадувањето се гледа од вселена. 
Досега Граѓанско Демократска Унија- Куманово во неколку свои соопштенија укажуваше дека намерно не трујат и дека не сме виновни самите за ова што ни се случува. Ама нема одговор од надлежните, а нема ниту посилна реакција од граѓаните. Сите се лежерни како да не ни се случува нам, во наше КУМАНОВО!

Епа ајде сега малку да ги раздвижиме работите. Кога веќе ни стана јасно дека возот за Европа си замина, барем да си ги средиме сами работите во својот дом. До сега игравме на карта дека Европа ќе ни каже што е најдобро за нас самите. Сега ќе ги вклучиме своите мозоци (а имаме на претек) и самите ќе се бориме за своите права. 
Јасно е дека некој по цена на нашето здравје дебело заработува. Доста беше! Дајте една локална акција за пронаоѓање на загадувачите и трујачите на нашите и животите на нашите деца. Дајте ни информации, а ГДУ Куманово има капацитет истите да ги изнесе пред очите на правдата. Нивната лакомост за пари мора веќе еднаш да им се врати како бумеранг. 
Остануваме достапни на граѓаните и на верните КУМАНОВЦИ на кои КУМАНОВО им е во срцето и немаат друг резервен дом“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

Слични Објави