ГДУ-ШТИП: ЈАВНОСТА ТРЕБА ДА ЗНАЕ КАКО Е ПРОДАДЕН БАЗЕНОТ ВО ШТИП

//

„Мотивирани од одговорот на почитуваната г-ѓа Казанџиска, во врска со продажбата на базенот во Штип, во кој што кажа дека базенот е продаден во времето на претходниот градоначалник на Штип, под услови познати само нему, ние од ГДУ поднесовме барање за пристап на информација од јавен карактер за целосната постапка и договорот за продажба на базенот.

На овој начин доколку информацијата добие отворен карактер, условите ќе бидат познати на целата штипска јавност , вклучувајќи ја и почитиваната г-ѓа Казанџиска.

Во духот на вистината, доколку институциите потфрлиле и до сега не се покренала соодветна пријава, тогаш нека види целата јавност па таа нека пресуди, штом не можат институциите“- велат од ГДУ-Штип.





Претходна статија

ГДУ: ДОВОЛНО ЛИ СЕ 73 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИМИЏОТ НА ЗЛАТКО МАРИН?!

Следна статија

СЕВЕРЏАНИ, АНТИЧКИ, СЛОВЕНСКИ… НО СЕПАК МАКЕДОНЦИ

Најново од Вести