| |

ГДУ СО ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

„Очигледно е дека во вашиот владин кабинет не се обрнува посебно внимание на обврските кои произлегуваат од позициите на вашите министри! Можеби не знаете, но обезбедувањето на државната граница е во надлежност на Министерството за внатрешни работи, конкретно во Секторот за гранични работи и миграции-Гранична полиција, која во својот состав има четири Регионални центри, Север, Југ, Исток и Запад. Сигурни сме дека и во овој момент имате советници за „Интегрирано Гранично Обезбедување” и некакви Национални координатори за истото.

Покрај политичката штета која земјава континуирано ја претрпува а во која по правило главни актери се сегашни и поранешни избрани и именувани функционери, очекуваме денешниот работен ден да го завршите со тоа што ќе отпуштите неколкумина министри (оставаме на вас да ја одредите бројката) а претпоставувате, еден од нив е бездруго и г.Оливер Спасовски кој меѓу другото е одговорен за безбедноста на државната граница. Веруваме дека располагате со повеќе информации од нас зошто е неопходно да го сторите тоа. Погледнето го Правилникот за начинот на вршење полициски работи (чл.200) и уверете се дека нема никакви „микро” и „макро” планови туку проста констатација за обврските на полициските службеници. Да г. Заев, ним непосредни претпоставени им се директорот на Бирото за јавна безбедност и Министерот за внатрешни работи. Вам добро познати ликови и соработници.

Г. Премиере, неопходно е да преземете решителен чекор и да се обидете на тој начин барем малку да обезбедите морален кредибилитет без кој не може да има кредибилна власт, инаку на власт без таквиот кредибилитет на располагање ви стојат само инструментите на присила и репресија. Веруваме дека тоа не ви е целта?!
Почитуван г. Заев, само поради начинот на кој полициските службеници ја изведоа претставата „каде е бегалецот” на отворена сцена, чудно следени од кохорта новинари, сниматели, фотографи и кој знае уште од кој, треба да ви е доволен показател дека професионалноста е мислена именка за (дел) високите полициски службеници.
Таа скандалозна претстава која ја изиграа за забава на јавноста, веруваме дека не ве вклучува и вас лично?!
Г.Заев, сега само вие имате инструменти на располагање и очекуваме да ги искористите, но што и да преземете ќе биде и повеќе од јасно кој каква улога има(л)“, се вели во отвореното писмо на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ до премиерот Зоран Заев.



Слични Објави