ГДУ СТАНА ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО НА ЕВРОПСКИТЕ КОНЗЕРВАТИВЦИ
Политичката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ беше поздравена со „Добредојдојдовте во фамилијата на АКРЕ“, за време на Самитот на Алијансата, којшто се одржува денеска и утре во Рим Италија. Претседателот на партијата Петар Колев потпиша меморандум за соработка со АКРЕ а тоа е и првиот чекор до официјалниот влез на ГДУ во семејството на европските конзервативци и реформатори.
„Иако доаѓам од Македонија која сѐ уште не е дел од ЕУ, ве уверувам дека македонските граѓани се перцепираат себеси како нераскинлив дел од богатиот културен и политички европски простор.За нас е важно да го развиваме нашето општество на принципите кои ги валоризираат индивидуалните човекови права како фундамент врз кои почива и се развива секое демократско општество.Македонија минува низ исклучителен период од својот развој, полноправното зачленување во НАТО е во тек, а ни претстојат сериозни реформи на патот до ЕУ. Од името на македонските граѓани изразувам благодарност за досегашната поддршка, а од мое име за привилегијата да ви се обратам денеска“, изјави Петар Колев, претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, на Самитот на Европските Конзервативци и Реформатори што се одржува во Рим.
La Convenzione Blu е собир на кој покрај членовите на Eвропарламентот, ќе дебатираат и владини претставници, бизнисмени, академици, претставници на невладини организации,политичари и дипломати. Настанот е во организација на политичката партија Fratelli d’Italia која е нов член на АКРЕ, а моментално е еден од носителите на коалицијата на обединетите конзервативци и суверенисти во Италија заедно со носечката партија на Матео Салвини, ЛЕГА. Обединетите италијански центар-десно политички партии ќе застанат рамо до рамо со Европските конзервативци и реформисти на изборите во Мај 2019та година. Од останатите значајни партии кои членуваат во АКРЕ, можеме да ги наведеме Републиканската партија на САД, ЛИКУД партијата од Израел, Конзервативците од Британија, Либералната партија од Австралија, водечката конзервативна партија од Полска, Обединетите патриоти од Бугарија и многу други европски и светски политички партии и групации.
Покрај главните теми на собирот – миграцијата и имиграцијата и одбраната и безбедноста во Европа, самитот ќе претставува и своевиден вовед во кампањата за претстојните евроизбори на кои членките на АКРЕ очекуваат позитивен резултат. Тие во моментов ја претставуваат трета по број политичка групација во Eвропарламентот.
