Георгиева: Светската економија се движи подобро од очекуваното, но полошо од потребното
Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека светската економија „се движи подобро од очекуваното, но полошо од потребното“, јавува БГНЕС. Таа пред состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Светската банка и ММФ во Вашингтон порача дека глобалниот раст ќе се забави само благо оваа и следната година, поддржан од посилни резултати во САД и некои други земји.
Георгиева истакна дека светот избегнал ескалација на трговска војна, иако американските царини остануваат повисоки од глобалниот просек. ММФ очекува растот да остане околу 3% на среден рок, под нивото пред пандемијата.
Таа ги повика земјите да го зголемат производството, да ги обноват фискалните резерви и да ги намалат трговските нерамнотежи. За Азија препорача продлабочување на внатрешната трговија и развој на секторот на услуги, а за Африка – економски реформи и зајакнување на зоната за слободна трговија.
Во Европа, Георгиева повика на нов „цар на единствениот пазар“ за поттикнување на реформи и интеграција во финансиските и енергетските пазари. Таа, исто така, апелираше САД да го намалат федералниот дефицит, а Кина да спроведе фискални реформи за поттикнување на приватната потрошувачка.

