|

Герасимовски: Детските реквизитите кои беа искршени од вандали се реконструирани или заменети со нови

Детските реквизити на игралиштето близу т.ц Зебра, кои деновиве беа искршени од поединци или група вандали се реконструирани. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека ваквите вандалски однесувања се чести во општината и поради нив трпат и децата и општинската каса.

„Службите на Општина Центар повторно ги заменија или реконструираа искршените реквизити на детските игралишта. За оваа намена општината годишно извојува од 3 до 5 милиони денари за оштетена јавна опрема. Навистина е жалосно што наместо за нови проекти за граѓаните или нови игралишта за најмладите средствата се трошат за оваа намена. Уште полошо е што ова е слика на нашата младина и образот на иднината. Ноќе детските игралишта се збиралиште на хулигани кои демулираат и ја уништуваат детската игра на најмалите. Затоа ги повикувам граѓаните доколку забележат вандалско однесување да го пријават во полиција, ги повикувам родителите да внимаваат на однесувањето на децата, а надлежните институции да ги засилат патролите и постапуваат и ги санкционираат овие појави“, потенцира Герасимовски.

Герасимовски неколкупати досега информираше за уништени и искршени детски игралишта и урбана опрема. И овој пат потенцира дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат казни од надлежните институции.



Слични Објави