Шекеринска-Тонин: Загриженост и силна осуда на нападите во Кабул

/

Во делот на одбраната со Словенија имаме одлична соработка која сега со нашето членство во НАТО дојде и на едно повисоко ниво. Состанокот го започнавме со нашата длабока загриженост и силна осуда на она што вчера се случи во Кабул, во Авганистан, во нападите во кои животите ги изгубија и војници и цивили. И сакаме ова неоправдано, неразбирливо, неприфатливо насилство силно да го осудиме и да кажеме дека и како членки на НАТО силно ќе се спротивставиме на ваквиот развој на настаните во Авганистан. Ова денеска го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

Министерката Шекеринска информира дека со Тонин споделиле искуства за состојбата со наши граѓани или воени лица во Авганистан.

– Северна Македонија на време успеа да ги донесе своите офицери и војници дома. Во јуни објавивме крај на нашиот ангажман во Авганистан и буквално сите припадници на Армијата, заедно со медицинскиот тим кој требаше да биде во Авганистан според иницијалните планови до септември, успеавме секој без жртви и ризици да го вратиме во татковината уште во јуни, нагласи Шекринска. Додаде дека Владата во изминатите месеци направила се за да обезбеди сигурно враќање и на нашите граѓани кои таму работеа.

Спред неа, она што сега се случува во Авганистан не е само закана за безбедноста на цивилите, воените структури кои се уште се таму, туку и генерално опасност за регионот, а последиците се чувствуваат на европско тло.

Шекеринска и Тонин ги споделиле нивните проценки дека состојбите во Авганистан можат да значат и бран и притисок врз границите на Европа, преку илегална миграција и дека ЕУ и ние државите во овој регион ќе мора да ги засилиме своите капацитети за да ја гарантираме и сопствената стабилност и сигурноста на нашите граници.

Министерката Шекеринска потенцира дека во делот на одбранбената соработка со Словенија имаме историја на многу интезивни заеднички вежби, во Словенија и во Северна Македонија. Најави дека во 2022 година планираат и тоа денеска е потврдено, заедничко учество на контингент од Армијата на Северна Македонија како дел од словенечките трупи во НАТО-мисијата во Летонија. Очекува дека од јуни 2022 година ние ќе можеме да ги испраќаме првите офицери и војници заедно со своите словенечки колеги да заминат на оваа мисија во Летонија.



Шекеринска изрази благодарност за, како што рече, огромната поддршката што три децении ни ја дава пријателска Словенија. Изрази лична благодарност и во име на Владата и на цела држава за големата помош што ни ја даде Словенија и министерот Тонин во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата држава. Посочи дека помошта од Словенија стигнала во едно деноноќие, со пожарникари, соодветна опрема и пожарникарски возила кои се упатиле во Малешевијата.

– Нема да го заборавиме овој гест. Пријателот на кој можеш да се потпреш во тешки времиња е вистински пријател. И Словенија овој пат покажа дека е вистиснки пријател, нагласи Шекеринска. Од Охрид, министерката Шекеринска и нејзиниот словенечки колега ќе заминат за Берово, каде што ќе имаат средба со градоначалникот Звонко Пекевски, кој од името на граѓаните на беровскиот регион ќе му врачи на словенечкиот министер Плакета за Здружените сили на цивилна заштита на Словенија, во знак на благодарност за брзата реакција во справувањето со шумските пожари.

Таа соопшти дека најдетално разговарале за пожарите што ја зафатија нашата земја ова лето и системите за заштита.

– Во Владата донесовме одлука дека на системот му требаат навистина сериозни реформи и ние како Министерство за одбрана ја добивме задачата да работиме на таков предлог закони кои ќе значи реформа не само на финансирањето на овој систем, туку и начинот како системот функционира, рече Шекеринска. Додаде дека е важна опременоста на нашите пожарникарски единици, но потребни се и обуки, знаење, искуство… Се договориле дека двете министерства ќе почнат поблиска соработка во делот на реформи на овој системот, со фокус на противпожарната заштита.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Радев и го даде третиот мандат на БСП – Нинова: Следниот петок треба да се вратиме кај претседателот со премиер

Следна статија

Почина сопругот на поранешната пратеничка Силвана Бонева

Најново од Вести