| |

ГЕРБ-СДС го добија првиот мандат за состав на нова влада во Бугарија- Росен Желјазков е кандидатот за нов бугарски премиер

Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи првиот мандат за формирање влада на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група, таа на ГЕРБ-СДС – Росен Желјазков, јавува БНР.

„Ова е голема одговорност и тест со оглед на фрагментираниот парламент, како и апстиненцијата на мнозинството бугарски граѓани од учество на изборите. Тоа неминовно влијае на легитимитетот на институциите, а за да се надмине тоа ќе бидат потребни систематски напори за да се заштити јавниот интерес“, рече шефот на државата при доделувањето на мандатот.

Кандидатурата на Желјазков ја претстави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов, а пред шефот на државата Желјазков ја објави структурата и составот на кабинетот во кој ќе има еден вицепремиер и 19 министри.

Томислав Дончев е кандидат за вицепремиер и министер за иновации и раст;

Људмила Петкова, за министер за финансии;

Даниел Митов беше предложен за МНР;

Министерство за внатрешни работи – Калин Стојанов;

Министер за одбрана – Атанас Запријанов;

Министер за регионален развој – Николај Нанков;

Министерка за правда – Марија Павлова;

Делијан Добрев беше предложен за министерство за енергетика;

Министер за социјални работи – Деница Сачева;

Министер за образование и наука – Красимир В’лчев;

Министер за здравство – Костадин Ангелов;

Министер за култура – Љубен Дилов-син;

Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов;

Министерка за животна средина и води – Ивелина Василева

Министер за транспорт и врски – Георги Гвоздејков;

Министерка за економија и индустрија – Теменужка Петкова;

Министер за електронска влада – Владимир Темелков;

Министер за туризам – Евтим Милошев;

Министер за млади и спорт – Красен Кралев.

Откако ги прочита имињата, Росен Желјазков му предложи на претседателот Румен Радев да донесе указ и да го достави предлог-составот на кабинетот на ГЕРБ-СДС на гласање до Народното собрание.

Слични Објави