ГЕРМАНИЈА КАЖА „ДА“ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ !
Со 476 гласа „за“ и 122 „против“, и 16 воздржани пратеници, Бундестагот даде зелено светло за старт на преговорите на Македонија со ЕУ. Во исто време, прарениците гласаа и за Албанија. Политичарите се согласија дека двете земји направиле голем напредок.
30- минутната расправа се одвиваше пред очите на вицепремиерот Бујар Османи, кој откако влезе во салата , на германски ги поздрави своите колеги.
Гласањето го поздрави и еврокомесарот во заминување Јоханес Хан. Го поздравувам денешното гласање на германскиот Бундестаг за почнување на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ!, напиша Хан на Твитер.
И покрај поздравите, главна пречка и понатаму останува Франција, Холандија и Данска кои и натаму важат за главни критичари на процесот на проширување. Главниот збор За Македонија и официјално да ги почне пристапните преговори ќе биде потребна позитивна одлука на самитот на шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Унија кој ќе се се одржи на 17 и 18 октомври во Брисел.
Извор: ТВ Стар
