Персоналот од Одделот за интензивна нега на болницата „8 Септември” утрово протестира пред канцеларијата на директорот Христијан Костов. Причината е напад врз персоналот од роднини на починат пациент. Инцидентот се случил синоќа, интервенирала и полицијата, јавува 360 Степени.
Во моментов тече состанокот на претставници на Синдикатот со директорот, пренесува Фокус.