ГИНЕКОЛОЗИТЕ СЕ ЖАЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО БИДЕЈЌИ НЕ ИМ ИСПРАТИЛО ДОВОЛНО ЗАШТИТНА ОПРЕМА

/

Матичните гинеколози се жалат на недоволна донација заштитна опрема и бараат документ од Министерството за здравство, како да постапат со родилките на кои им истекува породилното отсуство, пренесува Телма.

Министерството за здравство ни испрати недоволно заштитна опрема, од по две маски, реагираат дел од членовите на Здружението на матични гинеколози. Според претседателот на Здружението, Филиповски, иако биле обврзани до 28 март на пладне, до Министерството да достават одговори на прашалници за видот на опремата што им недостига, поедини нивни членови вчера добиле минимална донација, која од Здружението очекуваат во следниот период да се зголеми.

Додека чекаат дополнителна заштитна опрема, од Здружението се организирале и со парите од чланарината на нивното членство обезбедиле 150 пакети заштитна опрема за сите приватни здравствени установи и за сите матични гинеколозикоја, која од среда ќе ја дистрибуираат бесплатно низ државата.

Од Здружението очекуваат, Министерството за здравство во најкусо време , со официјален документ да ги извести како да постапуваат кон родилките кои биле на породилно отсуство и дали треба да им го продолжат до крајот на вонредната состојба, зашто за тоа, како што вели Филиповски, до сега слушале само од јавувања на нивни пациентки.



Ние секојдневно се среќаваме со телефонски јавувања на пациентки, на кои што породилното им завршува баш во овој период. Ако е тоа така , како што ни велат пациентките, дека со изјава на министерот, боледувањата породилни се продолжуваат до крајот на вонредната состојба. Меѓутоа, ако е тоа така, тогаш би требало да добиеме официјален службен документ, за да дознаеме како да се однесуваме во таква ситуација. Бидејќи сме во недоумица , не знаеме што да правиме сега. Дали да ги продолжиме боледувањата, дали тоа со едно известување од Министерството ќе биде проследено до работодавците, или како тоа ќе биде направено. Треба да имаме сепак официјален документ, вели Душко Филиповски- претседател на Здружение на матични гинеколози.

Претходна статија

ТЕЛЕФОНИСТКА ОД ПОЛИКЛИНИКАТА ЧАИР Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19

Следна статија

СЕ АКТИВИРА УШТЕ ЕДНА „БИОЛОШКА БОМБА“ ПОРАДИ ФУДБАЛ: ЛИВЕРПУЛ ЌЕ БИДЕ НОВО ЖАРИШТЕ НА КОВИД-19!

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи