СЕ АКТИВИРА УШТЕ ЕДНА „БИОЛОШКА БОМБА“ ПОРАДИ ФУДБАЛ: ЛИВЕРПУЛ ЌЕ БИДЕ НОВО ЖАРИШТЕ НА КОВИД-19!

/

Сценариото од Бергамо, каде што стотици луѓе умираат од коронавирус секој ден, истото може да се повтори и во Ливерпул!

Експертите од Островот предупредуваат дека градовите кои се западно од Англија се во опасност да ја доживеат судбината на Италијанците поради реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид (2-3), меч кој беше одигран на 11 март на „Енфилд“ пред 54.000 навивачи.

Директорот на Градскиот институт за јавно здравје во Ливерпул, Метју Ештон, истакна дека овој меч би можел да биде нова „бомба“ кога е во прашање коронавирусот.

Не беше добра одлуката да се организира овој натпревар, иако тоа сигурно не беше намерно. Властите можеби не ја сфатија тежината на ситуацијата во тој момент. Иако можеби никогаш нема да знаеме, но мечот со Атлетико можеби беше еден од настаните што предизвика да се зголеми бројот на заразени во Ливерпул. Дефинитивно, овој настан ќе биде тема на истражување, со цел да научиме нешто и да не повториме слични грешки, изјави Метју Ештон за „Гардијан“.

Инаку, Мадрид уште тогаш беше жариште на заразата, а на Островот пристигнаа 3.000 навивачи на Атлетико. Во тоа време натпреварите во Ла Лига се играа без публика, а Шпанија ги затвори сите кафулиња, училишта и факултети.



Потсетуваме, катастрофата во Ломбардија ја предизвика дуелот Аталанта – Валенсија на „Сан Сиро“, меч кој се одигра на 19 февруари пред 40.000 гледачи. Веднаш по мечот коронавирусот се рашири низ цела Италија, а најмногу настрадани имаше токму во Бергамо. Инаку, се верува дека на овој натпревар имало над 10.000 заразени навивачи кои подоцна ја прошириле заразата и предизвикаа биолошка бомба!

Извор: Спорт1



Претходна статија

ГИНЕКОЛОЗИТЕ СЕ ЖАЛАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО БИДЕЈЌИ НЕ ИМ ИСПРАТИЛО ДОВОЛНО ЗАШТИТНА ОПРЕМА

Следна статија

5 ПОЧИНАТИ И 53 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА

Најново од Вести