ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И СРЕДНИОТ ВЕК ТЕМИ НА СОСТАНОКОТ НА МЕШОВИТАТА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКА КОМИСИЈА ВО СОФИЈА

Периодот на средниот век и ликот и делото на Гоце Делчев ќе се најдат на маса денеска и утре на состанокот на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, која овој пат ќе заседава во Софија.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Скопје во јуни, а таа како што информираат од Мешовитата експертска комисија е четврта оваа година и до крајот на годината се предвидени уште две средби. Досега, заедничката комисија има одржано шест средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.