Градоначалникот на Софија пречека деца-коледари од Украина
Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, денеска во просториите на општината пречека деца-коледари од Украина, кои упатија празнични желби до главниот град и неговите жители, јавува БГНЕС. Настанот се одржа во духот на божикните традиции и ја истакна солидарноста и културната блискост меѓу бугарскиот и украинскиот народ.
Терзиев им се заблагодари на децата и нивните родители за посетата и изрази благодарност до амбасадорката на Украина во Бугарија, Олесија Илашчук, за иницијативата. Амбасадорката упати пораки на благодарност за поддршката и солидарноста кон украинскиот народ.
Градоначалникот нагласи дека Софија е дом и за многу украински семејства и деца и им посака здравје, радост и среќни празници. Во рамките на настанот беше изведена и украинската песна „Шчедрик“, а свеченоста заврши со пораки за мир и разбирање.


