|

Крст уби мало девојче за време на миса на Велигден: трагедија во Франција

Шестгодишно девојче починало кога во неделата во градот Ансе му паднало на глава двометарски дрвен крст, дознава BFM Lyon.

Трагедијата се случила за време на велигденската миса во напуштениот простор во кој биле населени Роми. Малото девојче си играло во шаторот, каде што имало крст, додека возрасните јаделе.

Откога била погодена од крстот, таа добила сериозни повреди, од кои подоцна починала во болница.

Полицијата отвори истрага за убиство од небрежност.

Истрагата продолжува за откривање на точните околности на оваа несреќа.

Слични Објави