| |

Градоначалникот на Варна: Имаме барање за збратимување со Охрид

Варна треба да стане пример за тоа како балканските градови можат успешно да се развиваат. Даваме се од себе како општина да работиме за ова – да ја донесеме Европа овде. Применуваме добри и успешни практики по примерот на другите европски општини. Покажуваме транспарентно управување и ве уверувам дека вака ќе биде и во иднина. Ова го изјави градоначалникот на Варна, Благомир Коцев, за време на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина“, организирана од Бугарската телеграфска агенција во морската престолнина на Бугарија.

Проектот го спроведува БТА со поддршка на Европската комисија. Настанот го отвори генералниот директор на бугарската телеграфска агенција Кирил В’лчев.

Имаме барање за збратимување со градот Охрид, Северна Македонија, рече уште градоначалникот. Тој истакна дека ова е исклучителна можност за зближување не само меѓу Варна и овој град, туку и меѓу двете земји.

Соработката со Охрид, која верувам дека ќе се случи, ќе ни даде можност да покажеме како европските фондови можат да бидат корисни за развојот на регионите, додаде градоначалникот на Варна. Тој додаде дека ги поздравува напорите на сите балкански земји кои го следат патот на Бугарија и кон нивната иднина како членки на Европската унија.



Слични Објави