Груби: Коридорот 8, чекор кон заедништво и нула отворени прашања со соседите

/

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби, денес придружуван од премиерот Димитар Ковачевски, бугарскиот премиер Галеб Донев, министри, заменици на министрите и високи функционери поставија камен-темелник за продолжување на работите на пругата како дел од проектот Коридорот 8.

“Коридорот 8, патниот и железничкиот сообраќај се најголемите инфраструктурни инвестиции од постоењето на нашата држава, тие се важна економска артерија, стратешки цели од кои нема враќање назад, тие се идната перспектива за развој на државата и конкретизирање на стратегијата за подобар квалитет на животот”, истакна Груби.

Во продолжение целосниот говор:

Оваа Влада е Влада на реализација на големите ветувања и на подобрување на неправдите и големите задоцнувања.

Влада и прогресивно мнозинство кои ги затвораат отворените прашања.

Влада која има нула отворени прашања со соседите.

Влада која има нула отворени прашања меѓу заедниците.

Влада про-НАТО и про-ЕУ.

Влада која го поврзува крајбрежјето на Црното море со Јадранското Море со железници, автопати и енергетика.



Овие работи бараат храброст и знаење.

Затоа, чувствувам несекојдневно задоволство да видам како еден од проектите за кои сите заедно се залагаме, денес го започнува процесот на реализација со голема поддршка на Европската Унија.

Коридорот 8, патниот и железничкиот сообраќај се најголемите инфраструктурни инвестиции од постоењето на нашата држава, тие се важна економска артерија, стратешки цели од кои нема враќање назад, тие се идната перспектива за развој на државата и конкретизирање на стратегијата за подобар квалитет на животот.

Многу брзо ќе направиме уште еден голем чекор заедно со почетокот на изградбата на автопатот, Коридор 8.

Годината што е пред нас ќе биде исполнета со инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на луѓето и ќе придонесат за развој на економијата на нашата земја.

Ќе има работа за сите и ќе биде подобро за сите!

Ви посакувам успешен работен процес за точна реализација на двете фази од овој проект и негово целосно завршување во најбрз можен рок.

Претходна статија

Ако не падне Груби, „огнените“ најавуваат фракција

Следна статија

Ковачевски: Железничкото поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност

Најново од Вести