| |

ГРУЕВСКИ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ПРАТЕНИЧКАТА ПЛАТА-ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ

Пратеник кој е правосилно осуден на затворска казна повисока од шест месеци го губи правото на плата и на други надоместоци. Тоа е суштината на измените на Законот за пратеници што беа поднесени утрово по итна постапка во парламентот и веднаш се најдоа на дневен ред на денешната седница.

Измените се предложени од пратениците Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили. За да бидат усвоени потребни се 61 пратеник да гласаа „за“.

Екс премиерот Никола Груевски во ноември побегна во Будимпешта и го избегна издржувањето на затворската казна. И покрај тоа, тој добиваше месечна пратеничка плата намалена за 5 проценти секој месец.

Слични Објави