| |

ГРУЗИСКИОТ ПРЕМИЕР БАХТАЅЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Премиерот на Грузија, Мамука Бахтаѕе, поднесе оставка денес, откако помина нешто повеќе од една година на функцијата, велејќи дека ја исполнил својата должност.

„Стратешката рамка за развој е спроведена и остварена и решив да си дадам оставка затоа што верувам дека ја исполнив мојата мисија“, напиша Бахтаѕе на „Фејсбук“, пренесува „Ројтерс“.

Бахтаѕе (37) беше министер за финансии пред да стапи на функцијата премиер во јуни минатата година.

Тој е четвртиот грузиски премиер што поднесе оставка од 2012 година.

Извор: Макфакс

Слични Објави