ПРИТВОР ЗА ТАТКО И СИН ЗА ПРОДАЖБА НА ДРОГА
Судот им определи притвор на татко и син од Тетово за продажба на марихуана. Тие се осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Кај осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син биле пронајдени 9.450 грама марихуана.
„На 30 август, позади бензинска пумпа во Тетово, осомничените го паркирале нивното патничко моторно возило марка ‘бе-ем-ве’ со цел да вршат продажба на дрогата. Полициски службеници од СВР Тетово, го забележале возилото и дрогата во него, па веднаш го заплениле“, соопшти обвинителството.

