| |

Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија

Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан,  изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, јавува ТВ21.

За Македонија се наведува дека е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година и прави напори за решавање на спорот за името со соседна Грција кој датира уште од прогласување на независноста на земјата во 1991 година.

Македонија и Албанија треба да им се приклучат на Црна Гора и на Србија кои ги започнаа пристапните преговори во 2012, односно 2014 година и би можеле да станат членки на Унијата најрано во 2025 година.

ЕК треба да го соопшти извештајот за напредокот на државите кандидадти за членство во ЕУ на 17 април.

Слични Објави