ХЕРОЈ ИЛИ ЛАЖГО? КАКО ШЕРПАТА АНГ РИТА СЕ КАЧИ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ 10 ПАТИ БЕЗ КИСЛОРОД

Тоа што за обичниот човек изгледа безумно, за него било нешто нормално. Не знаел што е тоа страв и бил опседнат од нештото што го сакал најмногу.

Алпинистот шерпа од Непал Анг Рита се качил на Монт Еверест дури 10 пати и тоа без да користи боци со кислород. Нешто што е повеќе од опасно.

Експертите се сигурни дека речиси е невозможно овој рекорд да биде подобрен. Дури самиот Анг нема да може да го направи, бидејќи за жал тој ја изгуби долгогодишната борба со тешката болест на црниот дроб.

Снежниот леопард

Анг Рита е роден во 1948 г. во јужниот дел на Непал каде што израснал и започнал да работи како пастир. Од 15 годишен тој започнува да им помага на странските алпинисти кои доаѓаат за да го освојат највисокиот врв на планетата земја.

Во 1979 г. Рита го освојува својот прв врв висок над 8 илјади метра. Шерпата Рита станува првиот човек во историјата на алпинизмот, кој се искачува на врвот Монт Еверест без кислородни боци и во зима, кога условите се најопасни. Заради овој херојски чин го добива надимакот „Снежниот леопард“.

Тој толку добро ја познавал планината што во 1984 г. открива нова рута, по јужниот дел до врвот. Неговиот успех е прифатен како револуционерен момент, но за жал, за време на спуштањето еден од членовите на неговата експедиција го губи својот живот.

Херој или лажго?

Во официјалните материјали за „Снежниот леопард“ е запишано дека за време на неговата кариера тој 10 пати се качил на Монт Еверест без да користи боци со кислород. Истата информација е запишана и во „Гинисовата книга на рекорди“. Но постои и алтернативна верзија според која Анг Рита само 9 пати успеал да се искачи на врвот.

Американскиот алпинист и режисер Дејвид Брашерс тврди дека за време на првото качување на Монт Еверест во 1983, тој и Анг Рита користат боца со кислород додека спијат. Постои и информација дека Рита не се искачил на врвот за време на астрономска зима бидејќи го покорил Монт Еверест пред 21 декември, денот во кој доаѓа зимскиот сезон. До денеска се води дебата дали може да се смета дека Рита го искачил врвот навистина за време на зимата.

Тој е вистинска легенда!

Сомнежите околу подвизите на „Снежниот леопард“ не можат да ја намалат неговата слава. Самиот Брашерс истакнува дека на никаков начин не сака да ги омаловажи рекордите на Рита и дури подвлекува дека никогаш претходно не видел толку јак човек, што може да издржи во толку лоши услови.

Според новите правила Монт Еверест не може да биде искачен без боци со кислород, бидејќи тоа се смета како обид за самоубиство. Анг Рита 9 пати го прави тоа и секогаш се враќал жив дома.