ХУЛИГАНИ СО ФАКЕЛИ И ЧАДНИ БОМБИ ГО НАПАДНАА ДОМОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈУНАЈТЕД (ВИДЕО)

/

Повеќе десетици маскирани хулигани ноќеска го нападнале домот на извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, во чиј двор фрлиле запалени факели и чадни бомби.


Според англиските медиуми, нападот е дело на таканаречената група „Момци во црно“, кои долго време се против управата на „ѓаволите“ и американските сопственици на клубот. Нивниот револт кулминирал по неодамнешниот пораз од Барнли (0-2) на домашен терен, а нападот доаѓа во пресрет на денешната реванш-пресметка против градскиот ривал Сити во полуфиналето од Лига Купот. „Граѓаните“ во првиот меч славеа со 3-1.


„Клубот знае за нападот на домот на еден од нашите вработени и веруваме дека на лицата кои учествуваа во овој инцидент ќе им биде забрането да ги гледаат мечевите на Јунајтед. Прво поради своето мислење, а второ поради криминалното однесување и загрозување на живтот“, се вели во соопштението на Јунајтед.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ИНЦИДЕНТ СО МИГРАНТИ НА УНГАРСКАТА ГРАНИЦА

Следна статија

СДСМ: СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ПРИДОНЕСИТЕ ДОСЕГА ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ НА НАД 106.000 ВРАБОТЕНИ ВО 20 ИЛЈАДИ КОМПАНИИ

Најново од Вести