И ШТО СО ВМРО-ДПМНЕ СЕГА ?!
Дури тролаат намерно,наменски дека е ова режим/диктатура тие не мислат ни на малиот ум да го сменат од почесното Преседничко место.Некако се уфилмале дека тој може да биде во егзил (или азилант хахах) како Папандреу или Хоменини..сеедно е .
И мислат сериозно да го вратат на бел коњ или коњи по некакви избори.
Кои ли им ја продал оваа приказна… сеедно е .
Ако по тролањето се познава денот, ним скоро умот нема да им дојде. Независниот Мицковски впери прст кон СДСМ со прашање на висок тон – Зошто ви избега зошто не е затвор ?!
Таму одамна го изгубиле компасот. Ќе се лутат дека премногу ги критикувам.Па јас сега само ве галам ,а други , ваши ќе ви го свирнат.Ова не е секс ами се свиркачи и заштитени сведоци. Па ни Миле не е толку будала. Миле ти текна веројатно.
Да бе јас еве навивам за Миле,со неговиот татко Бог да му душа прости,бевме во коректни пријателски односи. Тој не би дозволил ни Миле да биде на ова дереџе оти ќе му удреше 3-4 воспитни. Иако Миле лично не го познавам.Мајка му ја знам отприлика и таа знае се што пишам.
Најсе приказните за ова и вакво Вмро-Дпмне со сите топтан во онаа бела зграда полека завршува. Сериозен сум и треба сериозно да ме разберете. А,знам дека и немора.
Дали ќе дојде новинарско прашање до Мицкоски- Дали уште ќе имаат почесен преседник?Скоро не. Па треба да помине едно месец дена временска дистанца да се отрезнат ем новинари ем аналитичари ем политичари.
Само Зоран Заев си знае зошто раководителите на таа партија сеуште ги управуваат институциите. Ќе биде сега пола пола..Свиркачи и свирнати. Али и немора пола пола. Македонците знаат и фазла. Сѐ уште се трезниме од бегството кое го очекувавме уште пред 1 година барем. И ем го очекувавме ем нѐ изненади. Пазете на снегот сега. Го очекуваме и пак ќе не изненади. Ете тоа се македонските работи. И многу пати сум напишал во овие 11 години дека ВМРО-ДПМНЕ ќе завршат со траги-комедија. Сега колку траги колку комедија зависи од опсервацијата.
За Хомеини и Папандреу друг пат ќе ви напишам. Посебно за Папандреу.Тоа е тој медитерански нерв.
Поздрафф!!!
Автор: Даме Чкатроски
