ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ОРЦЕ КАМЧЕВ И БОКИ 13 ПРЕД ДЕНЕШНОТО РОЧИШТЕ ЗА „РЕКЕТ“

/

Полицијата спречила вербалниот конфликт меѓу Јордан Камчев и Бојан Јованоски да прерасне во физичка пресметка , од како претходно Јованоски со повишен тон довикувал навредливи зборови и спомнувал имиња и лични работи поврзани со семејството на Камчев. Информацијата за „Скопје 1“ ја потврдуваат адвокати вклучени во процесот.

Инцидентот се случил пред денешното рочиште за случајот „Рекет“ на влезот на Кривичниот суд. Полицијата спречила кавгата да премине во физичка пресметка и не му дозволила на изнервираниот Камчев и физички да се пресмета со Боки 13.

По инцидентот Боки 13 на судечкиот судија му се пожалил дека по инцидентот не е во состојба да биде присутен на рочиштето. Сепак рочиштето се одржало.





Претходна статија

АКО ПОБАРААТ ЕКСПЕРТИТЕ, ВУЧИЌ ЌЕ ВОВЕДЕ 24-ЧАСОВЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО СРБИЈА

Следна статија

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА 162 ЗГРАДИ ВО ЧАИР

Најново од Вести